Евра рече дека тогаш ги нарекувал играчите на Арсенал „бебиња“, а и сега смета дека се такви бидејќи немаат никаков напредок.
Капитенот на Арсенал, Гранит Џака се јави со изјава по провокацијата од Евра.
„Многу луѓе зборуваат премногу. Не е прв пат тој да зборува нешто за нас“, вели Џака.
„Имам голема почит за него, тој беше голем фудбалер, но треба да внимавате што изјавувате. Не само тој, многу луѓе зборуваат глупости за нас. Секогаш е исто“.
„За мене чудно е тоа, бидејќи и тие биле во иста позиција како нас, и тие биле фудбалери. Понекогаш ви оди добро, понекогаш не, но тие секоја недела го зборуваат истото срање“.
„Ќе ви ја кажам искрената вистина, не ме интересира што зборуваат луѓето. Ние треба да си зборуваме во нашата група и да ги поправаме работите, да работиме напорно и да не ги слушаме овие луѓе“.