173
Јувентус влезе како сериозен фаворит против СПАЛ и не дозволи изненадување, си ја заврши работата и ги впиша планираните бодови на контото.
Гостите пружаа отпор до пред крајот на првото полувреме кога Пјаниќ со прекрасен гол од далечина донесе водство за Јувентус од 1-0.
Во 78. минута Кристијано Роналдо погоди со глава по центаршут од Дибала за конечна победа на Јувентус од 2-0.
Со овие три бода Јувентус се искачи на врвот на табелата, но Интер допрва ќе го игра својот меч против Сампдорија.