Барса е клубот со најголеми приходи а го купи Гризман со кредит, Бартомеу откри детали од зделката

by
1 минути читање

Антоан Гризман
синоќа беше презентиран како ново засилување на Барса. Французинот во петокот
стави потпис на петгодишен договор откако неговиот адвокат во канцелариите на
Ла Лига пристигна со чек од 120 милиони евра и ја активираше откупната клазула.

Трансферот се
очекуваше да се случи на 1. јули но се одложи десетина дена, а медиумите
шпекулираа дека причина е тоа што Барселона немала пари да го купи напаѓачот.

Ваквите
информации се покажаа како точни, првиот човек на „каталонците“ потврди дека
тие морале да подигнат кредит од 35 милиони евра и покрај тоа што се клубот со
најголеми приходи во светот на фудбалот (за сезоната 2017/18 имаа рекордни 914
милиони евра).

„Моравме да
подигнеме заем од 35 милиони евра кои треба да го вратиме за шест месеци“

вели Жозеп Мариа Бартомеу. „Останатите 85 милиони евра се пари кои треба да ги
добиеме од играчи кои веќе се продадени“.

Атлетико најави
тужба и бара 200 милиони евра а не 120 милиони евра, но од таборот на Барселона
ги отфрлаат обвинувањата.

„Разговаравме со
нив, немаат никакви докази. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, мислам дека
не можат да направат ништо, но разбирам дека мораат да ги бранат своите
интереси“.

„Не сме
преговарале со играчот во март. Почнавме да разговараме за трансфер откако тој во
мај изрази желба да замине. Дури и тогаш не разговаравме со Гризман, туку со
луѓе од неговиот камп“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×