Фиорентина понудила 11 милиони евра за Елмас, од Фенербахче порачале: Малку е!

by
1 минути читање

Македонецот е
следен од голем број клубови кои редовно испраќаат свои скаути на мечевите на
Фенербахче и се говори дека летоска ќе направи богат трансфер.

Новинарот на
весникот „Милијет“, Сенад Ок откри дека на адреса на „жолто-сините“ стигнал
предлог од Фиорентина.

„Добив интересна информација од веродостоен извор. Фиорентина доставила понуда
за Еилф Елмас. Нудат 10-11 милиони евра. Но одговорот е негативен бидејќи е под
она што Фенербахче го бара односно минимум 20 милиони евра“
– вели Сенад Ок.

Тој исто така
додава дека е се поизвесно дека Еилф Елмас летоска ќе замине од „Шукру
Сарачоглу“ и со парите добиени од овој трансфер да се донесат засилувања на
неколку позиции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани