626
Се очекува Елиф
Елмас летоска да замине од Фенербахче. Гигантот од Истанбул е во финансиски
проблеми и со продажба на Македонецот може добро да ја наполни клупската каса.
Клубови како
Тотнем, Интер, Лацио, Фиорентина и Севиља се посочуваат како најзагреани за
популарниот „дијамант“ а последните гласини велат дека и Атлетико Мадрид се приклучил
во наддавањето.
„Тутомеркатовеб“
пренесе дека „колчонероси“ понудиле 15 милиони евра плус бонуси. Атлетико
Мадрид дури е подготвен да вметне и играч во целата зделка за да го добие Елиф
Елмас. Името на Никола Калиниќ се споменува како опција со оглед на тоа дека
Фенер сака да го засили нападот.