Веројатно ако се
земе во предвид за тоа како помина Фенербахче оваа сезона во турската
Суперлига, можеби и не можеше ништо повеќе од едно реми против Трабзонспор, и
тоа на домашен терен.
Фенербахче со
крајни напори успеа да избегне пораз и во фото-финиш од пресметката во Истанбул
дојде до барем бод од мечот.
Иако многумина го
видоа нашиот Елиф Елмас во херој за
Фенербахче, сепак, тоа беше за момент, откако снимките од израмнувачкиот гол
утврдија дека нафрлената топка од Метју Валбуена никој не ја допрел, па токму
неговото име беше запишано на листата на стрелците.
class="twitter-tweet" data-lang="en">Fenerbahçe 1-1
Trabzonspor90+7' Eljif Elmas
Tüm Goller için •
@KramponSport
pic.twitter.com/IgYrVL5fkD—
Krampon GOL (@golkrampon) April
27, 2019
Ремито
колку-толку го ублажува разочарувањето кај фановите на Фенербахче, екипа која
бележи катастрофална сезона зад себе, можеби е за неверување, но, турскиот
гигант на четири кола до крајот нема изборено опстанок во елитното друштво, а
излез во Европа е сон за таа екипа оваа сезона.