Алиоски: Со ваша поддршка ќе се вратам посилен!

by
1 минути читање

Алиоски заработи повреда на вчерашниот меч за Лидс против Брентфорд, го повреди менискусот на коленото и денеска беше опериран.

По операцијата од болничкиот кревет преку својот инстаграм профил им се заблагодари на фановите од кои постојано прима желби за брзо опоравување.

„Ви благодарам за сите желби! Со ваша поддршка ќе се вратам посилен. Напред Лидс“, напиша Алиоски.

Според денешното соопштение на Лидс, Алиоски ќе биде надвор од теренот од шест до осум недели, а тоа значи крај на сезоната. Нема да настапи и на натпреварите за Македонија која во јуни игра против Полска и Австрија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×