234
По прогресот во полуфинале од Лигата на шампионите со победа од 3-0 над Манчестер јунајтед на Камп Ноу, Барса вечерва им се врати на обврските во Ла Лига каде рутински треба да одработат за нова титула.
Избраниците на Валверде со 2-1 славеа над Реал Сосиедад и сега ги дели две победи до одбрана на насловот шампион во Шпанија. Постои можност тие да го освојат трофејот и во среда доколку Атлетико загуби од Валенсија, а тие ден претходно го совладаат Алавес.
Ленгле во последните мигови од првиот дел донесе водство од 1-0, но гостите одговорија преку Хуанми во 62. минута.
Сепак, Барса брзо се врати во водство и Алба на асистенција погоди во 64. минута за 2-1.