Без победник на „Меаца“, Интер и Рома ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Во претпоследниот меч од 33. коло во Серија А, немаше победник на дербито помеѓу Интер и Рома. 

Гостите поведоа во 14. минута, кога Ел Шарави имаше убав продор, нанижа неколку играчи и го матираше Хандановиќ со шут од далечина за 0-1.

Интер се избори за реми по еден час игра, Перишиќ погоди на асистенција на Д’Амброзио за 1-1. Резултатот веројатно ќе им одговара на двете екипи, но со победа, и Интер и Рома можеа да направат значаен исчекор, „нероаѕурите“ кон зацврстување на третата позиција а „волчицата“ влез во топ четири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×