Лудница во Франкфурт, никој не си оди дома и 20 минути по крајот на мечот, се слави првото полуфинале по 39 години! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ајнтрахт вечерва на домашен терен ја надополни негативата од првиот меч,
славеше со 2-0 над Бенфика и се пласираше помеѓу четирите најдобри во Лига Европа. Ова ќе
им биде прво полуфинале по 39 години па имаше големо славје на „Комерцбанк
Арена“.

Најверните навивачи се обидоа да влезат на теренот, но некако запреа кај
рекламното пано кое попушти под притисокот. Потоа им пријдоа играчите, и сите
заедно продолжија да се радуваат. Дури откако поминаа 20 минути по последниот свиреж, фудбалерите тргнаа накај соблекувална.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×