Алексис Санчез ќе биде подготвен за Барселона

by
1 минути читање

Санчез нема натпревар од 2. март кога заработи повреда на коленото на мечот против Саутемптон, тој сега повторно е во тренажен процес.

Јунајтед во сабота игра против Вест Хем, Солскјер мисли дека тој меч е прерано за враќање на Санчез, но најави дека веројатно ќе биде подготвен за дуелот со Барселона.

„Тој тренира со нас и тренираше два пати. Ќе тренира и денес, нема веќе повреда“, вели Солскјер за Санчез.

„Не сум сигурен дека ќе биде 100 посто подготвен за дуелот со Вест Хем, но поизвесно е дека ќе биде за Барселона, ќе видиме“.

Санчез три сезони помина во Барселона и многу добро знае како е да се игра на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×