Срамно однесување, навивачи на Челси го нарекуваа Мо Салах „бомбаш“, клубот брзо реагираше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска на социјалните мрежи се појави видео од група фанови на Челси во Прага како пеат песна со навредлива содржина за нивниот поранешен играч, Мо Салах кој сега е ѕвезда во Ливерпул.

Египјанецот го нарекуваат „бомбаш“, па со оглед на тоа дека во последно време често има расистички навреди на фудбалските терени на „островото“, Челси реши веднаш да реагира.

Во соработка со обезбедувњето кое ја пратело експедицијата на Челси во Чешка, идентификувани се тројца фанови на кои им бил забранет влез на „Синобо“ стадионот за дуелот со Славија Прага, и ги чека дополнителна казна. Останатите тројца фанови од видеото не се обиделе да влезат на стадинот.

„Челси смета дека секо дискриминирачко однесување е гнасно, и доколки има јасни докази дека сопственици на сезонски билети или наши членови се онесуваат на ваков начин, ќе бидат превземени најсилни акции против нив“ – гласеше известувањето. „Овие индивидуи се срам за најголемиот дел од навивачите на Челси кои нема да ги толерираат“.

Ливерпул исто така се огласи со соопштение, го осуди инцидентот и му се заблагодари на Челси за реакцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×