Италијанскиот
првак Јувентус е во постојан контакт со напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој
се врати на клупските обврски, но веројатно нема да остане во Милано по летниот
преоден рок.
Односот помеѓу
Икарди и Интер се сруши како кула од карти последните неколку седмици откако му
беше одземена капитентската лента, многумина како главен проблем во целата таа
ситуација го вперија прстот кон неговата сопруга и агент, Ванда Нара, а од
клубот, посебно Лучијано Спалети не дадоа конкретен одговор на прашањето околу
капитентската лента.
Ла Република
пишува дека додека Атлетико Мадрид се поврзува со потег за аргентинскиот
напаѓач, Јувентус е во постојан контакт со него.
Бјанконерите од
близу ја следат ситуацијата со Икарди во Интер, а воедно тие веќе имаат и
стапено во контакт со Ванда и се многу активни на тоа поле, се верува дека
тимот од Торино конкретни чекори ќе има на крајот од актуелната сезона.