На почетокот од
овој месец, новинарот на „Ил џорнале“, Лујџи Гвелпа најави нова „бомба“ во
Торино и пристигнување на најдобриот тренер на денешницата на кормилото на Јувентус. Тој откри
дека истиот извор кој му кажал за трансферот на Кристијано Роналдо, сега му
соопштил дека „Старата дама“ има вербален договор со Пеп Гвардиола за следните
четири години.
Пеп Гвардиола подоцна ги
негираше ваквите стории и порача дека сака да остане уште долго во Манчестер
Сити.
Сепак, Лујџи Гвелпа не го менува ставот и понатаму тврди дека Шпанецот има
договор со Јувентус. Новинарот сега исто така откри и дел од трансфер плановите на шампионот
на Италија и вели дека се подготвува напад за потписот на Калиду Кулибали од
Наполи.
„Паратичи има
договор со Пеп Гвардиола. Го кажав ова претходно, и сега можам повторно да го
потврдам“ – вели Гвелпа во разговор со Радио ЦРЦ.
„Можам да
откријам и дека Јувентус е подготвен да тргне во напад по потписот на Калиду
Кулибали од Наполи. Овој играч им се допаѓа многу на „бјанконерите““.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.