Утревечер
Јувентус на домашен терен го пречекува Атлетико Мадрид во реванш мечот од осминафиналето
од Лигата на шампионите.
Во првата
пресметка, шпанскиот прволигаш обезбеди победа од 2-0 пред своја публика,
предност која е од големо значење за тимот на Диего Симеоне, шефот на стручниот
штаб на Јувентус, Масимилијано Алегри признава дека Јорганџиите се тежок
противник, а тешко ќе и биде на Старата дама и на реваншот во Торино.
„Утрешната вечер
е од исклучително значење за нашата мисија во Лигата на шампионите“ изјави
Алегри кој притоа додаде дека главната цел на италијанскиот првак е место во
големото финале од елитното европско клупско натпреварување.
„Тоа ќе биде
многу тежок меч за нас, ќе ни биде тешко да дојдеме до победа, но, доколку ја
оствариме целта, но, имаме целосна самодоверба дека би можеле да избориме место
во големото финале оваа сезона“ додаде шефот на стручниот штаб на Старата дама.
„Не знаеме што ќе
се случи, ова е фудбал, се’ е
можно, се’ што посакувам е да
одиграме одличен фудбал, без разлика каков ќе биде крајниот исход, Атлетико е
еден доста квалитетен тим“ заклучи Алегри.