Рамос одговри на сè: Жолтиот во Амстердам, расправиите со Перез и Марсело и документарецот кој го снимаше додека Реал губеше

by
2 минути читање

Изминатиов период
беше прилично турбулентен за „кралевите“ и капитенот Серхио Рамос. Реал Мадрид
за седум дена доживеа три тешки порази и испадна од битката за сите трофеи.

Серхио Рамос пак
се најде во центарот на вниманието откако снимаше документарец во ложата на
Бернабеу додека неговиот тим доживуваше срамен пораз од Ајакс, а дефанзивецот
потоа имаше расправија со претседателот Флорентино Перез и соиграчот Марсело. Па Шпанецот
денеска се огласи на Твитер и одговори на седум прашања.

„Како фудбалери,
сакаме да говориме на теренот, но оваа сезона не оди според планот, ни се случи
катастрофа изминативе десетина дена, па нема да се кријам. Ние нема да се
криеме. Ние играчите сме главни виновници, а јас како капитен, повеќе од сите
други. Па затоа сметам дека најдобро е искрено да одговорам на прашањата кои
кружат“
– почна исповедта на Серхио Рамос.

„Дали жолтиот
картон во Амстердам беше грешка?
Апсолутно, тоа беше голема грешка и јас
превземам одговорност 200%“.

„Зошто го снимав
документарецот?
Имаше одредени обврски кои ги превзедов од претходно и на крај
памет ни ми паѓаше дека мечот може да се одвива на таков начин. Се помалку се снимаше како што одминуваше натпреварот“.

„Дали се
расправав со претседателот во соблекувалната?
Работите што се случуваат во
соблекувалната остануваат таму. Нема никаков проблем и сите сме на иста бранова
должина, односно сите го сакаме само најдобро за Реал Мадрид“.

„Дали им одржав
говор на соиграчите и ги критикував?
Во соблекувалната секогаш разговараме и се
мотивираме на конструктивен начин“.

„Зошто патував во
Ваљадолид?
Бидејќи сакав да бидам близу моите соиграчи и да им дадам поддршка“.

„Дали имав
расправија со Марсело?
На секој тренинг си дофрламе по нешто, тоа е дел од секојдневието кога
има притисок во работата, но најчесто се работи за досетки. Марсело ми е како
брат“.

„Што се случува
со тренерот?
Ние не ја носиме одлуката и никогаш не се мешаме. Имаме голема
почит кон оваа позиција и секогаш го поддржуваме тренерот на Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×