Во десетата минута од големото градско дерби меѓу Бирмингем и Астон Вила, домашниот навивач Пол Мичел влезе во теренот и го удри гостинскиот играч, Џек Грејлиш. Токму Грејлиш во второто полувреме постигна гол и донесе победа на Вила.
Навивачот веднаш беше однесен во полиција и се уште се наоѓа во притвор.
„Поднесовме обвинение за човек кој влезе во теренот и го удри играчот на Астон Вила Џек Грејлиш за време на градското дерби. 27-годишниот Пол Мичел останува во притвор до одлуката на судот“, се вели во соопштението на полицијата.
Што и да одлучи судот, Мичел веќе ја доби најголемата казна. Бирмингем соопшти дека тој ќе има доживотна забрана за пристап на стадионот, па веќе никогаш нема да може да го гледа својот тим, барем не на домашен терен.
„Фудбалскиот клуб Бирмингем сака да му се извини на Џек Грејлиш и на Астон Вила за инцидентот во дербито. Навивачот ќе добие доживотна забрана за присуство на Сент Ендрус стадионот. Клубот исто така ќе ја поддржи секоја казна која ќеја одреди судот. За тоа што се случи нема место ниту во фудбалот ниту во општеството“, се вели во соопштението на Астон Вила.