Мекеј го обвини Кардиф дека имале фудбалер од 17 милиони евра а дозволиле тој сам преку лаптоп од хотелот да си бара лет до Нант.
Ваквите тврдења на Мекеј, Кардиф ги демантираше, а сега се појави и разговор меѓу човекот од Кардиф задолжен за Сала и самиот фудбалер кој ја одбил понудата од клубот да му биде организиран лет.
Пораките се на француски и шпански.
Човекот од Кардиф: (палец емотикон)
Емилијано Сала: Благодарам многу
Човекот од Кардиф: Ништо пријателе. пишувам шпански подобро отколку што зборувам
Емилијано Сала: Ха ха многу добро
Човекот од Кардиф: Мојата дефојка зборува шпански. Таа е наставничка (споделува детали од комерцијален лет)
Човекот од Кардиф: Ова е една опција. Кардиф – Прис. Но рано е.
Емилијано Сала: Пријателе, добро е. Имам лет утре до Нант и се враќам во понеделник вечер во Кардиф. Вили Мекеј ми се јави.
Човекот од Кардиф: Во ред. Дали договори цена со него?
Емилијно Сала: Да, добро е. Ќе зборуваме утре пред да заминам за Нант.
Човекот од Кардиф: Во ред. Кое време леташ?