73
Помина една година од смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, Серија А одлучи натпреварите во престојниот викенд да бидат во негова чест.
На сите десет натпревари во 13. минута од натпреварот ќе се појави слика од Астори на семафорот.
Спикерот ќе ги повиа фановите да дадат аплауз во спомен на фудбалерот додека фотографијата ќе стои на дисплејот 13 секунди без натпреварите да бидат прекинати.