Шкендија ја зголеми предноста на врвот, Вардар оштетен се враќа од Тетово (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шкендија со гол на Имери во 23. минута го победи Вардар во големото дерби и ја зголеми предноста на врвот на осум бодови

Вардар даде гол за израмнување, но тоа не го видоа судиите иако Димитар Мечкаровски имаше и помошник зад голот. Топката по силниот шут на Најдовски од далечина удри во пречката, па заврши зад гол линијата, но арбитрите ја продолжија играта.

До крајот на мечот Вардар се обидуваше да дојде до израмнување, но Шкендија го сочува водството и на крајот се радуваше на три големи бода.

Најубедливата победа ја прослави Академија Пандев која со 3-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров.

Силекс пропушти водство од 2-0 против Шкупи кој изедначи во последните моменти од натпреварот, конечниот резултат беше 2-2.

Гол во судиското продолжение прими и Работничи кој водеше од првиот дел со погодок на Петковски. Петровиќ доби црвен картон во 68. минута, а Ренова преку Мишковски во 92. дојде до бод. 

1-1 заврши и натпреварот меѓу Победа и Беласица.

Резултати:

Академија Пандев – Македонија ЃП 3:0

Победа – Беласица 1:1

Работнички – Ренова 1:1

Шкендија – Вардар 1:0

Силекс – Шкупи 2:2

Табела по 19. коло:

1. Шкендија 43

2. Вардар 35

3. Академија Пандев 33

4. Работнички 27

5. Шкупи 24

6. Ренова 22

7. Македонија ЃП 21

8. Силекс 19

9. Победа 18

10. Беласица 18

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани