Бразилецот Жуниор Родригез е ново засилување за Вардар

by
1 минути читање

Бразилсиот лев бек, Жуниор Реис Родригезе нов играч на Вардар. 23-годишниот фудбалер кој доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров потпиша едногодишен договор со црвено-црните со можност за продолжување на уште една година.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“, рече Жуниор, за официјалната страна на Вардар.

Тој веќе тренира со Вардар и настапи на првите две контролки во Анталија.

„Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани