Тричковски постигна хет-трик и испиша клупска историја во АЕК Ларнака

by
1 минути читање

Тричковси беше стрелец на три гола за АЕК Ларнака, погоди во 22, 39 и 77 минута и беше играчот на мечот во победата на Докса.

За Тричко ова беше 36 гол за АЕК Ларнака во кипарското првенство, тој го помина Жоан Томас кој има постигнато 35 и стана најдобар клупски стрлец во шампионатот. 

„Среќен сум поради головите и победата, особено што таа доаѓа по лош период. Ќе ни послужи за подигнување на самодовербата и подобрување на атмосферата во престојните натпревари. Не се грижам за индивидуалните перформанси и статистики, најважно ми е тимот да победува“, изјави Тричковски по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани