Заврши вториот кампус експиријанс Македонија во организација на Реал Мадрид Фондација

by
2 минути читање

После пет дневното кралско доживување на децата од Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia во петокот на 18-ти јануари со стандардниот утрински  тренинг на фудбалерите и натпреварот помеѓу сите учесници и тимот на тренерите на кампот беше означен крај на вториот кампус експиријанс во Македонија. Пет дена исполнети со многу фудбал, едукација, дружење, прошетка до нашиот бисер Охрид и стекнување пријатели за цел живот.

Според програмата на организаторот кампот беше затворен со завршната церемонија на која децата ги добија своите сертификати и албум со фотографии кои ќе им останат како спомен за цел живот. Нашите храбри учесници и на ниски температури покажаа дека фудбалот за секој од нив е повеќе од љубов, а ние сме горди што имавме деца за пример.

Менаџерот на Real Madrid Fondacion Campus Experience, Карлос Касиљас Санчез на завршната манифестација ги изнесе своите импресии и се заблагодари за гостопримството на Охрид и Македонија и изнесе поенти од самиот настан:

„Нашата главна цел во кампот не е талентот туку спроведување на повеќе цели, а тие се да ги учиме децата на вредности и тоа: тимска работа, респект, лидерство, самоконтрола и напорна работа. Ние сакаме нашите деца да продолжат да учат и да бидат подобри не само во фудбалот туку и во нивниот секојдневен живот. Македонија и Охрид се извонредно место за да ги пренесеме нашите вредности и знаења. Начинот на кој бевме примени од нашите домаќини ја олесни нашата работа и тоа во голема мера. Се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме со организирање на вакви кампови во Македонија и се поголем број на деца ќе бидат дел од истите” – изјави Санчез.

На самиот крај на свеченото доделување на сертификатите, организаторот преку менаџерот Санчез и тренерите Валерио и Хуанан и приреди изненадување на малата Елеонора која токму на 18-ти јануари го прослави својот 15-ти роденден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани