71
Информациите од Италија велат дека Лацио се обидува да го ангажира бекот на Челси, Давиде Запакоста, ако не успее во таа мисија нивната опција Б е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Лацио е подготвен да одвои 5-6 милиони евра за Македонецот.
Стефан Ристовски по повредата заработена на дуелот со Арсенал го загуби местото во стартниот тим каде прва опција сега е Бруно Гаспар. На дербито со Порто македонскиот фудбалер играше во второто полувреме.
Ако се остври овој трансфер, тоа ќе биде враќање за Ристовски во Италија која претходно настапуваше за Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина.
Покрај за Стефан Ристовски, Лацио се интересира и за Аријан Адеми.