Циркус во втората лига на Англија, Лидс испратил шпиун на тренингот на Дерби, интервенирала и полицијата!

by
1 минути читање

Лидс на нашиот
Езгјан Алиоски е лидер на табелата по 26. кола, но до крајот на сезоната има
уште многу и Марсело Бјелса прави с
è што може за да ги однесе „белите“ во
елитата.

Сепак, последниот
потег на „лудакот“ направи циркус во втората лига на Англија. Полиција се
појавила на синоќешниот тренинг на Дерби, а Франк Лампард дури бил проморан и да ја прекини сесијата бидејќи имало сомнително лице крај оградата.

По извршениот
претрес било установено дека се работи за вработен во Лидс јунајтед, кој со
себе имал двоглед и клешти. Шпиунот сепак не бил приведен, и по направените проверки лицето било пуштено на слобода.

Медиумите од
Англија пренесуваат дека од таборот на Дерби поднеле жалба до фудбалските
власти поради инцидентот а клубот исто така соопшти и дека стапил во контакт со
Лидс и бара објаснување на целата ситуација.

Пред вечерашната
пресметка на „Еланд роуд“, Дерби се наоѓа на позицијата број шест и има -8 во
онос на лидерот Лидс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани