Барселона ‘има дилема’ околу иднината на плејмејкерот Филипе Кутињо во
клубот, истата станува се’
поголема, пренесуваат одредени медиуми во Шпанија.
Ел Паис пишува
дека Бразилецот не се адаптирал добро во преферираниот систем на игра во тимот
од Камп Ноу, а Лондон Ивнинг Стандард пак на Островот пишува дека Кутињо би
можел да биде продаден за Каталонците да го вратат Нејмар од ПСЖ.
Кутињо беше
означен како фудбалер кој треба да биде наследник на Андрес Иниеста, но, Ел
Паис пренесува дека таа улога многу повеќе ја одиграл неговиот сонародник Артур
Мело, летното засилување од Гремио.
Статистиката
вели дека Кутињо креирал 0.32 шанси по натпревар ланската сезона, постигнувајќи
десет погодоци, односно пет асистенции, а оваа сезона неговата статистика падна
на креирање 0.17 шанси по меч, со постигнати пет погодоци, односно четири
асистенции.