Клоп побарал англиски репрезентативец на позајмица, добил порака дека треба да плати 50 милиони фунти!

by
1 минути читање

Ливерпул се соочува со криза во одбраната откако против Вулверхемптон
во ФА Купот се повреди Дејан Ловрен. Џо Гомез и Жоел Матип исто така се надвор
од стројот, па единствен централен дефанзивец на располагање е Вирџил ван Дајк,
кој доби одмор изминатиов викенд бидејќи имаше ситна повреда.

Јирген Клоп сакал да го реши овој проблем со тоа што ќе го донесе Џејмс
Траковски на позајмица до крајот на сезоната. 26 годишниот фудбалер со
солидните партии во дресот на Барнли изминативе години се промовираше во еден од подобрите
дефанзивци во Премиерлигата па се најде и на поширокиот список на селекторот на Англија, Герет
Саутгејт за мундијалот во Русија.

Сепак Барнли не е заинтересиран за ваква зделка и на Ливерпул му порачал
дека ќе треба да искешира 50 милиони фунти, па трансферот е прилично комплициран. Интересно е тоа што Џејмс Траковски е роден во Манчестер и е голем фан на „црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани