530
Минатиот месец се
појавија гласини кои велеа дека Лацио сериозно загризал за талентираниот
Македонец од Фенербахче, и „римјаните“ се подготвени да платат дури 15 милиони
евра за услугите на Елиф Елмас.
Вечерва слични
шпекулации одново проструија кај медиумите од Италија. Спортмедиасет и ТМВ пренесоа
дека Лацио ќе се бори со Борусија Дортмунд за потписот на фудбалерот од
средниот ред.
Овие нови стории
не се многу поразлични од оние претходните, нема повеќе детали за тоа дали се
започнати преговори или дали воопшто е остварен контакт помеѓу клубовите, но
кај има чад, има и оган па можно е македонскиот бисер да се пресели во
престолнината на Италија уште овој месец.