80
Бранителот на
титулата во нашиот најсилен фудбалски шампионат, тимот на Вардар е казнет од
европската куќа на фудбалот – УЕФА со 100.000 евра, оваа парична казна доаѓа по
непочитување на финансискиот фер-плеј, потоа неисплатени плати кон своите
сегашни и поранешни фудбалери, како и деловни партнери.
Дополнително,
доколку до 31 јануари идната година, црвено црните не ги подмират сите долгови
кои ги имаат, им се заканува суспензија од настапи во европските натпреварувања
од две години.
Освен Вардар,
неисплатени обврски имаат и бугарски Левски, како и португалската екипа
Спортинг од Лисабон во чии редови настапува нашиот репрезентативец Стефан
Ристовски.