65
Лацио има добро искуство со македонски фудбалер, Горан Пандев во еден период беше главен фудбалер на Римјаните, а сега мета им е Елиф Елмас од Фенербахче.
Гласините од Италија велат дека Лацио нема да штеди за да го ангажира Елмас иако за него има интерес и од други фудбалски гиганти.
Лацио ќе се обиде да го продаде Сергеј Милинковиќ Савиќ кој оваа сезона не е на нивото од претходната, и со дел од парите да го ангажира Елмас.
Се повеќе клубови тропаат на вратата на Фенербахче за Елмас, останува да видиме колку долго ќе издржи турскиот клуб пред да го продаде својот дијамант.