„Специјалниот“ се
уште се нема огласено откако синоќа остана без работа. Тој имаше средба со
новинарите на излегување од хотелот во кој престојуваше дури 895 дена по
преселбата во Манчестер, но реши да не даде никаков коментар.
Новинарот на Скај
Спортс одново си ја проба среќата денеска, го начека Португалецот на улица во
Лондон, но Жозе Мурињо во релаксирано издание ги одбегна прашањата.
„Изгледа не можам
да излезам ниту на прошетка?“ – рече Португалецот со насмевка на лицето кога му
се доближија новинарите.
Потоа следуваа
неколку прашања, а одговорот беше ист: „Немам што да ви кажам“.
Новинарите настојуваа
да извлечат нешто, но добија само покана за прошетка: „Ако сакате да пешачите
со мене, ајде ќе појдеме до Батерси“.
Останува да се
види колку долго Жозе Мурињо ќе биде невработен, веќе денеска се појавија
гласини дека Реал Мадрид стапил во контакт со стратегот и му понудил договор.
“I have nothing to say. You know me.”
Jose Mourinho speaks for the first time since leaving @ManUtd near his home in London.
Follow all the reaction to Jose Mourinho’s sacking by @ManUtd as Ole Gunnar Solskjaer replaces him as interim boss here: https://t.co/kouvEuOFMj pic.twitter.com/kv7tx3jdqE
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 19, 2018