114
Најдобрата македонска
фудбалска репрезентација успеа да ги оправда очекувањата и фаворитската улога
која ја имаше во групата „4“ во лигата „Д“ од Лигата на нации, таа фаза ја заврши со победата
над Гибралтар со 4-0 на домашен терен, а воедно и обезбеди домашен плејоф за
Европското првенство во 2020. година.
Енис Барди беше
еден од стрелците на мечот кој се одигра во Скопје против аутсајдерот, а
неговиот мајсторски погодок со кој се отвори мечот на резултатски план беше
издвоен од страна на Европската куќа на фудбалот – УЕФА како еден од најубавите
пет погодоци во досегашната фаза на Лигата на нации.
class="twitter-tweet" data-lang="en">