86
Нашиот најдобар
фудбалски состав славеше над аутсајдерот Гибралтар убедливо со 4-0 на домашен
терен, потврдувајќи го првото место во својата група, а воедно и обезбедувајќи
полуфинале на домашен терен.
Очекувањата се
остварија, а избраниците на Ангеловски брзо се рехабилитираа од високиот пораз
кај Ерменија, па синоќа одиграа одличен меч и без својот капитен Пандев.
Македонија има
шанси за историски успех, а еве како се славеше синоќа во нашата соблекувална
веднаш по мечот со Гибралтар…