Тричковски: Не очекувам лесна победа

by
1 минути читање

Се’ oсвен победа на нашиот најсилен
репрезентативен состав вечерва на дуелот против Гибралтар секако ќе биде едно
големо изненадување, мечот е во рамките на последното, шесто коло од групата „4“
во Лига „Д“ од Лигата на нации, каде Македонија е прва во својата конкуренција
со 12 бода, 3 повеќе во однос на Ерменија.

Во претходната
пресметка, избраниците на Игор Ангеловски славеа со 0-2 на гостински терен, а
Иван Тричковски имаше одлично издание со еден гол и асистенција во вториот,
токму тој вели дека нашиот состав треба да влезе претпазливо во мечот каде не
очекува лесна победа.

Не
очекувам лесна победа. Гибралтар игра дефанзивно. Меѓутоа, очекувам посветеност од сите нас да
биде на највисоко ниво, само
така ние може да направиме победата да биде полесна. Се стремиме да даваме што
повеќе голови, но не е лесно со дефанзивни селекции да се игра така офанзивно и
да се дава голови
“ вели офанзивецот
кој додаде и за значењето на шансата која е пред нашата селекција.

Имаме
историска шанса да пласман за едно големо натпреварување и се надевам на што
поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме
“ заклучи Тричковски.

Мечот со
Гибралтар е предвиден да се одигра вечерва на „Националната Арена Филип Втори“
во Скопје со почеток од 20,45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×