На Македонија и е доволен и бод против Гибралтар за првото место и пласманот во полуфиналето, но тоа ќе го играме на свој терен ако победиме.
Македонија утре ќе биде без Горан Пандев кој нема да може да настапи поради жолти картони, во составот се враќа Адеми кој поради здравствени проблеми не настапи на дуелот со Лихтенштајн.
Селекторот Ангеловски вели дека неговите фудбалери ќе тргнат агресивно од самиот старт со цел порано да го отворат натпреварот.
„Добро го познаваме стилот на игра на Гибралтар. Тие се ориентирани на дефанзивата и чекаат шанса преку контра напади. Фаворити сме и би сакал да го отвориме мечот уште на почетокот. Нема потреба од нервоза, треба да одиграме квалитетно и агресивно од самиот старт. Ќе ни недостасува Горан Пандев, но тимот мора да одигра добро и без него. Во составот се враќа Адеми кој сега е добар и почна со тренинзи. Сеедно е со кој ќе играме во полуфиналето, сега размислуваме само за утрешниот натпревар“, вели Ангеловски.
Во отсуство на Горан Пандев, Иван Тричковски се појави на денешната прес конференција.
„Гибралтар игра дефанвизно, не очекувам дека ќе биде лесно. Мора да одиграме на највисоко ниво и само така ќе направиме победата да биде полесна. Сакаме да дадеме што е можно повеќе години, но не е лесно со дефанзивни селекции. Имаме историска шанса и посакувам што е можно повеќе публика на трибините“, вели Тричковски.