141
Македонија со 2-0 победи на гостувањето кај Лихтенштај и дојде на чекор до пласман во полуфиналето во лига Д од Лигата на нации.
„Ја остваривме целта. Можевме да одиграме и многу подобро, но најважни се бодовите. За жал останавме без Адеми кој беше планиран да го почне мечот. Тој имаше тахикардија, не спиеше цела вечер, па поради здравствени прични заедно со лекарскиот тим решивме да не настапи. Откако Барди го даде голот ни беше полесно. Жал ми е за повредата на Спировски, но се надевам дека не е сериозна, сепак треба да ги почекаме прегледите“, изјави Ангеловски по мечот.