Пандев: Не знам зошто толку трагично се сфати поразот од Ерменија во нашата земја…

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација утревечер (20,45) го игра мечот на
гостински терен кај Лихтенштајн, во рамките на петтото, претпоследно коло во
групата „4“ од Лига „Д“ од Лигата на нации.

Во претходното
коло Македонија доживеа дебакл на гостувањето кај Ерменија каде загубивме со
4-0 а трагичар беше голманот Димитриевски, капитенот Горан Пандев вели дека тој
пораз бил само една лоша вечер за тимот, но, и судијата, а додаде дека не разбира
зошто тој пораз бил толку трагично сфатен во нашата земја.

Поразот во
Ерменија беше само една лоша вечер за нас, но и за судијата, но, сега мислима
на Лихтенштајн, добро се познаваме, често играме против нив во последните
години, мислам дека ако одиграме онака како што знаеме, нема да имаме проблеми

рече Пандев.

Уште
сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен
тој пораз, ова е нашата најквалитетна селекција досега и тоа ќе го докажеме.
Сакаме да влеземе со чисти глави и нема да имаме никакви проблеми
“ заклучи
капитенот на нашиот состав.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани