151
Градоначалникот
на Штип, Благој Бочварски објави видео на социјалните мрежи со што го претстави
на јавноста планот за реконструкција со доградба на трибини на тамошниот
градски стадион во кој инвеститор е токму општината, со поддршка од Фудбалската
федерација на Македонија.
Бочварски
проектот го понуди на отчетот за неговата едногодишна работа, а станува збор за
фудбалска арена со хотелски комплекс и две трибини, капацитетот на арената чиј
домаќин ќе биде Брегалница ќе биде до шест илјади гледачи, а истиот ќе ги
задоволува ФИФА стандардите, со што се отвора можност Штипјани да гледаат и
репрезентативен фудбал.