Шкендија дојде на два бода до Вардар, Академија Пандев убедлива во струмичкото дерби

by
1 минути читање

Вардар во последните две кола загуби дури пет бода од предноста која ја имаше над ривалот Шкендија. Скопските црвено-црни денеска одиграа само 0-0 против Ренова.

Вардар доминираше на теренот, но таквата игра не ја зачини со гол, не успеа да го најде патот до мрежата на тимот од Џепчиште и не го освои целиот плен од овој натпревар.

Шкендија го искористи овој резултат на Вардар, ја наполни мрежата на Македонија Ѓорче Петров, победи со убедливи 5-1 и дојде на само два бода до лидерот.

Ибраими и Нафиу постигнаа по два гола, а серијата погодоци ја отвори Муслиу. Голот за Македонија ЃП беше дело на Кировски.

Дерби се играше на стадионот „Кукуш“ каде Академија Пандев ја пречека Беласица во битката за Струмица. Пандевци победија со 3-0, а головите ги постигнаа Дориев, Крстовски и Миловановиќ.

Работнички со 2-0 загуби на гостувањето кај Силекс, а со истиот резултат Победа како домаќин го совлада Шкупи.

По 11 одиграни натпревари Вардар е прв со 24 бода, но сега има само два повеќе од Шкендија. Трета е екипата на Академија Пандев со 19 бода, следуваат Победа и Работнички со по 14, Македонија Ѓорче Петров и Беласица имаат по 13, Ренова има 12, Силекс 10, последен е Шкупи со девет бода.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани