Ангеловски: Јас сум виновен за поразот

by
1 минути читање

Добрата серија на Македонија прекина во Ереван каде Ерменија буквално не нокаутираше со резултат од 4-0. Три од погодоците се катастрофални грешки на голманот Столе Димитриевски. Можеби се ќе беше поинаку ако при водство на домаќините од 1-0, судијата свирнеше чист пенал врз Енис Барди.

„Вечерва многумина грешеа, почнувајќи од мене, па преку фудбалерите, до судиите. Сето тоа е причина за убедливиот пораз. Столе не е виновен, јас сум виновен, јас го бирам тимот, нема потреба да се обинуваат фудбалерите, јас сум виновен“, изјави Ангеловски.

„Не калкулиравме, овој меч беше важен за нас. Ерменија беше мотивирана, одигра одлично и честитки за нив. Нашите индивидуални грешки беа решавачки, но имаме уште два меча за кои треба да се подготвиме добро и да ја завршиме работата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани