У21: Надежите со убедлива победа за крај на квалификациите за ЕП 2019

by
1 минути читање

Со две победи,
едно реми и дури седум порази, нашата фудбалска репрезентација за играчи до 21
година ги заврши квалификациите за Европското првенство кое идната година се
одржува во Италија.

Нашите надежи со
седум бода завршија на петтото, претпоследно место во групата „7“, а денеска
квалификациите ги завршија со убедлива победа од 6-1 на домашен терен над
аутсајдерот Гибралтар, големиот должник кој ни нанесе срамен пораз во овие
квалификации.

Избраниците на
Илиевски имаа водство од 2-0 уште по првите 45 минути игра со головите на
Руфати во 10. односно Митровски во 33. минута. По само три минути игра во
второто полувреме од мечот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје,
Здравковски веќе зголеми на 3-1, а Клинтон во 63. минута намали на 3-1.

Во продолжение од
средбата, Ѓорѓев во 66. минута донесе ново убедливо водство, овој пат од 4-1, аа
потоа со двата гола во серија на Митровски кој постигна хет-трик во победата,
најнапред во 71., односно 73. минута да ги постави конечните 6-1.

Македонија: 1. Ристо
Јанков, 2. Ване Јованов, 5. Филип Трајановски, 6. Агрон Руфати, 10. Давор
Здравковски, 11. Кристијан Трапановски, 17. Марио Крстовски (70`Милан
Ристовски), 19. Тодор Тодоровски, 20. Тихомир Костадинов, 21. Димитар
Митровски, 22. Никола Ѓорѓев (67`Енур Тотре).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани