Македонецот имаше одлична деби сезона во најсилното првенство на Шпанија и ги освои симпатиите со мајсториите од слободен удар. Многумина се восхитуваа на неговата техника, а одличните партии го привлекоа и вниманието на неколку клубови.
Енис Барди овој месец одново е во центарот на вниманието откако со мастрален слободен удар против Хетафе донесе три бода. Леванте знае дека во своите редови има супер талент, па ќе ја продолжи соработката со фудбалерот од средниот ред.
Според пишувањата на АС, постои целосна согласност помеѓу двете страни и недостасува само потпис на документите, кој најверојатно ќе се случи кога играчот ќе се врати од репрезентативна должност.
Новиот договор на Енис Барди ќе биде со трајност до 2022, тој ќе добие поголема плата како и двојно побогата откупна клаузула која сега ќе биде поставена на 50 милиони евра.