Пандев: Во Ерменија дојдовме да ја продолжиме победничката серија

by
1 минути читање

Македонија утре во Ереван против Ерменија го игра четвртиот натпревар од Лигата на нации и ќе ја брка четвртата победа со која ќе го потврди првото место во групата.

Капитенот Горан Пандев кој е блиску до 100 натпревар во репрезентативниот дрес, најави игра на победа.

„Имаме три победи од три натпревари и тука дојдовме да ја продолжиме таа серија. Ерменија е квалитетна репрезентација, ги победивме во Скопје, а сега ќе го дадеме максимумот уште еднаш да го направиме тоа“, вели Горан Пандев.

„Се надевам дека наскоро ќе го остварам тој јубилеј 100 натпревар во националниот дрес, радосен сум за тој момент, но уште порадосен дека имаме една силна репрезентација, можеби најсилната во историјата предводена од најдобриот селектор“.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре (вторник) со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани