Проблеми пред Лихтенштајн, четворица фудбалери се жалат на стомачен вирус

by
0 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека четворица репрезентативци се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим презема мерки за тие да бидат оспособени за утрешниот меч со Лихтенштајн.

Поради ова е одложен денешниот тренинг кој требаше да се одржи во 11 часот, тој е преместен за 17:30 часот.

Македонија утре во 20:45 часот игра против Лихтенштајн во рамките од третото коло од Лигата на нации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани