348
Македонија во сабота на 13. октомври го пречекува Лихтенштајн, а на 16. гостува кај Ерменија.
Стефан Спировски вели дека целта на Македонија е првото место, а за таа да се оствари мора да продолжи победничката серија.
„Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата, изјави Спировски.