Барди се радува на првиот гол оваа сезона, голазо од слободен удар на Македонецот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Енис Барди минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија и Европа и со својата техника ги импресионираше сите.

Македонецот попладнево потсети зошто противничките голмани стравуваа кога тој ќе ја земеше топката да шутира од прекин и со голазо донесе предност за Леванте на гостувањето кај Хетафе.

Енис Барди шутираше максимално прецизно во аголот, и голманот на домаќините немаше никакви шанси и покрај тоа што се испружи колку што е долг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×