Филип Коку „преживеа“
на клупата на Фенербахче, барем за момент, откако гигантот од Истанбул на
домашен терен славеше мошне значајна победа од 2-0 против Спартак Трнава во
второто коло од Лига Европа, откако во
првото забележа убедлив пораз на гостувањето кај Динамо Загреб со 4-1.
Двата гола за
Фенербахче ги постигна Слимани, а голем влог во победата на домаќините имаше
нашиот 18 годишен репрезентативец Елиф Елмас кој ги одигра сите 90 минути од
средбата.
Еве што вели
статистиката од изданието на Македонецот:
35 додавања, 91%
успешност на истите, 3 клучни паса, 2 добиени дриблинза, 2 добиени дуели, 1
отсечена топка на противникот, 1 добиен воздушен дуел
data-cards="hidden" data-lang="en">
„Многу сум среќен
поради оваа победа, се надевам дека во ова темпо и ќе продолжиме во иднина, имавме
шанси во првото полувреме, но, не ги искористивме, во второто полувреме ги
искористивме“ рече Елмас по мечот.