Ангеловски: Сакам да го победиме Лихтенштајн со допадлива игра

by
1 минути читање

Македонија ја стартуваше Лигата на нации со две победи, сега пред нашите репрезентативци се два нови дуели од ова натпреварување. На 13. октомври го пречекуваме Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме кај Ерменија.

„На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња, фудбалери кои беа и на предходните дуели. На позицијата трет голман се враќа Шишковски, а повратници во тимот се Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ние сме фокусирани на првиот дуел. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму кадешто застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подоброи ако запишеме нови три бода со допадлива игра, изјави Ангеловски на денешната прес конференција.

Неизвесен е настапот на Дарко Велковски кој има повреда на задната ложа.

„Дарко Велковски е единствениот играч под знак прашалник, во бутниот мускул. Тој ќе биде подложен на детални прегледи во наредните часови. Во моментов ја немаме информацијата на степенот на повредата. Засега, не би сакал да шпекулирам околу евентуална замена, прво да ги почекаме лекарските прегледи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×