223
Пред македонската репрезентација се два нови натпревари во Лигата на нациите. На 13 октомври ја пречекуваме селекцијата на Лихтенштајн, а на 16. играме во Ерменија.
Селекторот Игор Ангеловски ги објави фудбалерите на кои ќе смета за престојните мечеви, во составот се враќа Аријан Адеми кој беше повреден за претходните дуели, а тука е и Ферхан Хасани.
Собирот на репрезентативците е закажан за 8. октомври во хотелот „Гранд Плаза“.
