Фенербахче
вечерва оди на се или ништо во дуелот на домашен терен против Спартак Трнава,
евентуален неуспех за турскиот гигант ќе значи голем чекор назад во однос на
посакуваниот прогрес во следната фаза од Лига Европа.
Откако загуби
убедливо со 4-1 на гостувањето кај Динамо Загреб во првото коло од групата „Д“,
тимот на Филип Коку нема право на грешка во Истанбул, особено што во наредното
коло го чека тешко гостување кај Андерлехт.
Во Турција
пишуваат дека холандскиот стратег во однос на поразот кај Ризеспор во
Суперлигата на таа земја со 3-0, нема да прави големи промени, освен тоа што
Желсон ќе го пречркта вечерва, а на негово место ќе се најде младиот Елиф
Елмас, кој одигра само десет минути од таа средба.
Очекувањата се
Коку да има бенефит од техничките квалитети на Македонецот со напаѓачки
предизпозиции, а тој во средниот ред ќе му прави друштво на Мехмет Топал.
Коку се соочува
со голем притисок по очајниот старт на Фенербахче во новата сезона откако го
презеде кормилото на таа екипа од Ајкут Коџаман, а дуелот со словачкиот
прволигаш е можеби и последна негова шанса да „преживее“ на клупата на турскиот
гигант, дали спас ќе најде токму во Елмас, останува да видиме на мечот кој
стартува со почеток од 18,55 часот.
